ПИЦА-РЕСТОРАНТ КОРЗОТРАДИЦИОНАЛНА И ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КУЈНА

Нудиме бото и вкусно мени исполнето со топли и ладни предјадења, свежи салати, супи, разни видови на скара од месо, риба и морски специјалитети, традиционални македонски деликатеси, десерти … секогаш свежо приготвени од нашите исклучителни кујнски готвачи.

Почитувајќи ја традицијата на една од најпопуларните кујни во светот – италијанската, нудиме секаков вид на пици и тестенини. Почувствувајте го светлиот медитерански дух со незаборавните вкусови на пиците – Капричиоза, Куатро Стаџоне, Калцоне, Вегетарианска, Фрути Ди Маре и специјалитетот на куќата пица “Корзо“.

Се разбира и неизбежните тестенини во сите верзии – шпагети, макарони, лазања, канелони, тортелини со зачинети и специфични сосови. Но, ресторанот “КОРЗО” не би бил она што е, ако не ја збогатиме оваа понуда со традиционалната македонско-штипска “пастрмајлија” и повеќето видови на топено сирење во печката.

Широко познатите вина, од врвните винарии во Македонија, ќе го надополнат вкусот на храната и ќе Ви овозможат уникатно искуство.

Уживајте во Вашиот оброк…


РАБОТНО ВРЕМЕ

Вие сте добредојдени да не посетите во нашето работно време.

Пон-Чет: 08 – 00
Пет-Саб : 08 – 01
Нед : 08 – 23


РЕЗЕРВАЦИИ

Закажете резервација денес и уживајте во Вашето омилено јадење.

+38 947 241 888